Совршен летен десерт: Вака се подготвува највкусниот и најосвежувачки сладолед од лубеница

Овој десерт е како создаден кога температурата ќе го надмине 30-от Целзиусов степен. Тој е лесен, вкусен и освежува…
Потребни состојки:
– 3-4 чаши лубеница, исечкана на ситни парчиња
– ¼ чаша сок од лимон
– 1 лажичка шеќер
– лимон исечкан на парчиња
*блендер или рачен миксер
*стапчиња за сладолед
*калапи за сладолед или чашки од јогурт


Начин на подготовка:
Откако ќе ја исчистите лубеницата од семки, исечкајте ја на ситни парчиња и ставете ја во блендер. Додајте ¼ чаша лимонов сок и една лажичка шеќер и изблендирајте. Кога сè ќе се соедини, ставете ја смесата во калапи за сладолед или чашки од јогурт и ставете по едно стапче во средината. Искористете го лимонот исечкан на парчиња за полесно да го позиционирате стапчето, но и како декорација.
Оставете ги сладоледите неколку часа во замрзнувач, а потоа уживајте во освежувачкиот десерт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.