Есента е период на тиквата, а имаме милион опции таа да биде дел од нашата исхрана.
Ова се едноставни палачинки со тиква, чиј вкус веднаш ќе го засакате.
Потребни состојки:
2 јајца
2 шолји брашно
1 шолја пире од тиква
3 големи лажици масло
4 големи лажици шеќер
Малку сол
1 шолја млеко
2 мали лажици прашок за пециво
Начин на подготовка:
1) Изматете ги јајцата во сад, а потоа додајте шеќер, сол, масло и пире од тиква. Измешајте убаво со лажица или миксер
2) Измешајте го брашното со прашок за пециво, а потоа додајте го млекото во смесата.
3) Додадете го во смесата, убаво измешајте.
4) Загрејте го тавчето и додадете доволно од смесата за палачинки.
Вкусот е прекрасен. Можете да ги послужите со јаворов сируп, џем, крем или чоколадо, или тиква и ореви.