Доколку имате проблем да го контролирате гладот, оваа намирница е идеална за консумирање пред спиење.
На сите нас ни се случува да не можеме да заспиеме поради гладот кој што моментално го чувствуваме, но чувството на вина да јадете пред да легнете да спиете – мачи многумина.
Самите знаеме дека храната која што ја консумираме пред да си легнеме е најчестата причина за зголемување на нашите килограми.
Иако најслатко е да јадеме некаков оброк и да го „смириме“ нашиот гладен желудник, постои една намирница која што може да ви помогне да согорите калории дури и додека спиете.
Наместо да си направите сендвич или да јадете грицки, благи намирници, подобро ви е да консумирате неколку парченца козјо сирење.
Според новото истражување, резултатите покажале дека 30 грама протеини (доколку ги консумирате 30 минути пред спиење), го забрзуваат вашиот метаболизам и влијаат во намалувањето килограми.
Младото козјо сирење има најмал процент на масти. Доколку сепак не ви е омилено, заменете го со младо кравјо сирење или пак јогурт.