Ако не сте љубители на благо, ви претставуваме совршен рецепт за вкусна солена торта за сите прилики.
Состојки:
– бел тост леб;
– руска салата;
– шунка;
– крем сир;
– мајонез.
Бел крем со кој се премачкува тортата:
(по сопствена проценка)
мајонез;- павлака;
– сенф;
– малку лимонов сок;
– бел лук во прав (половина кесичка).
Декорација
(по желба)
– шунка;
– салама;
– маслинки (зелени, црни);
– бадеми;
– домати;
– сирење;
– јајца;
– роквици;
– моркови;
– капер;
– пиперки.
Подготовка:
Од тост лебот отстранете ја кората и направете го посакуваниот облик, кој прво треба да го премачкате со руската салата, потоа со шунката, мајонезот и сирењето. Се редат на тој начин додека не направите неколку слоеви. Кога ќе ги намачкате слоевите, потоа целата торта премачкајте ја со белиот крем кој сте го направиле со состојките за крем.
Декорирајте ја по сопствена желба, а ние ви предложивме што може да користите за декорација. Нормално и ви можете да додадете нешто по сопствен вкус.