Солени бомбици со туна

Состојки:
– 2 варени компира
– 1 варен морков
– 2 варени јајца
– 2 млади црвени кромидчиња
– Малку магдонос
– 2 грста ​​варен грашок
– 1 конзерва туна
– сок од половина лимон
– сол, зачини по желба
Подготовка:
Изрендајте ги варените компири и моркови, како и варените јајца.
Ситно исечкајте ги кромидот и магдоносот. Додадете грашок, туна, исцеден сок од лимон, сол и зачинете.
Измешајте сѐ и со дланките обликувајте топчиња малку поголеми од орев. Можете да ги извалкате во мелен лен, сусам или мешавина од зачини.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.