4 јајца
4 лажици брашно
300 г исчистен спанаќ
100 мл кисела павлака
1 прашок за печиво
сол
500 г сирење
3 лажици ајвар
½ лажичка сув лук
4-5 палачинки
150 г кругови шунка
150 г рендан кашкавал
Белките цврсто изматете ги.
Спанаќот обарете го, исцедете го и ситно исечкајте го.
Во друг сад изматете ги жолчките, и додадете ги брашното, павлаката, прашокот за печиво и малку сол. Откако ќе добиете хомогена смеса, со лажица вмешајте ги изматените белки и спанаќот. Нанесете ја смесата во тава обложена со хартија за печење. Печете 20-тина минути на 200 степени.
Сирењето издробете го со виљушка и измешајте го со ајварот и лукот.
На палачинките ставете неколку парчиња шунка и рендан кашкавал и завиткајте ги во ролати.
Изладената кора исечете ја на половина. На првата половина од кората нанесете половина од филот. Во средина ставете ги ролуваните палачинки и додадете го останатиот фил за да ја пополните целата површина.
Нанесете ја втората половина од кората, нежно притиснете, изладете и исечете на коцки.