4 јајца
200 г коцки компири
1 црвена пиперка исечена на коцки
1 исечена главица кромид
100 г маргарин
80 г рендан пармезан
1 лажица исечена жалфија
2 исечени чешниња лук
масло, сол и мелен црн пипер
Во тава на оган испржете го кромидот, и додадете ги компирите, пиперката, лукот и жалфијата. Посолете, наросете црн пипер и тргнете од оган. Додадете го пармезанот и промешајте.
Јајцата изматете ги, додадете ја содржината од тавата и промешајте со лажица. Од смесата нанесете во длабнатини на калап за мафини, премачкани со маргарин. Печете 20 минути на 200 степени.