Состојки
5 јајца
150 гр кисела павлака
1/2 лажичка сол
60 гр пченкарно брашно
80 гр бело брашно
1/2 кесичка печиво
100 гр рендан кашкавал
100 гр сецкана сланина
100 гр сецкани маслинки
100 гр растопен путер
сусам за наросување
1. Јајцата пенсто се матат и кога се изматени се додава киселата павлака и солта и се продолжува со матење на нај бавно.
2. Се додава пченкарното брашно и се меша, па белото брашно се печивото и повторно убаво се меша. Се додава путерот.
3. На крај се додаваат маслинките, кашавалот и сланината. Смесата се турива во намастен калап за мафини одприлика по две лажици за секој мафин. Се наросуваат со сусам
4. Мафините се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Послужете….