Солени ѕвездички

350 г брашно
50 г маргарин
100 г густин
250 г Фета сирење
2 јајца
1 кесичка ким
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
Едно цело јајце и една белка заедно со маргаринот помешајте ги во сад. Додадете го густинот, прашокот за печиво, солта, брашното и Фета сирењето и замесете тесто. Со сукалка развлечете кора со дебелина 1 см. Со калапи вадете ѕвездички и наредете ги во тава премачкана со масло и прекриена со хартија за печење.
Жолчката изматете ја со 1 лажица вода, премачкајте ги формите и наросете ги со ким. Печете ги 20-на минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.