Солено, масно, кисела зелка: Сите непријатели на крвниот притисок

Кардиологот Марк Френклин истакнал дека со исфрлањето на некои намирници од исхраната може да го намалите ризикот од хипертензија.
Сè поголем број на луѓе боледуваат од висок крвен притисок.
За жал, симптомите се откриваат во поодмината фаза, поради што можат да настанат трајни штетни промени во организмот.
Меѓутоа, избалансирана исхрана и физичка активност можат да бидат превенција за висок крвен притисок и проблеми со срцето, тврди Френклин.
Тој истакнува дека ризикот од хипертензија може да се намали доколку од исхраната ги исфрлите следните намирници:


Сувомеснати производи
Сендвич со пршута, печеница или колбас за многумина претставува идеален појадок. Меѓутоа, 100 грама сувомеснати производи содржат 2.000 милиграми натриум, па подобро е за појадок да изберете некоја друга опција.
Сол
Една лажица сол содржи 2.300 милиграми натриум, кој го качува крвниот притисок истиот момент после консумација, така што подобро е солта да ја сведете на минимум, ако не можете целосно да ја исфрлите од исхраната.


Кисела зелка
Киселата зелка содржи големи количини натриум, па лицата со срцеви проблеми треба да заборават на сарма и подварок.
Полномасно млеко
Животинското млеко, покрај големата количина на протеини, содржи и премногу масти и холестерол, кои лошо влијаат на срцето и крвните садови, така што дефинитивно треба да го намалите консумирањето на млеко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.