Солен ролат со спанаќ или блитва

Кралицата на Франција, Кетрин де Медичи, им нареди на своите готвачи да служат спанаќ со секој оброк. Ова не е ни чудо, бидејќи овој зеленчук е вистинска ризница на вредни хранливи материи. Спанаќот е богат со хлорофил, протеини, минерали железо, магнезиум, фосфор и многу елементи во трагови потребни за одржување на здрава рамнотежа. Спанаќот нуди огромно снабдување со хранливи материи во однос на неговата калориска вредност.
Блитвата во нејзините лисја крие многу хранливи материи, па затоа се смета за навистина моќна храна. Скоро нема витамини или минерали кои не се содржани во поголема или помала мера во овој зеленчук. Според експертите, блитвата содржи околу 13 различни антиоксиданти, од кои се издвојуваат алфа и бета-каротен, лутеин, зеаксантин и холин.
Еве како да направите вкусен солен ролат со спанаќ или блитва.
Потребни состојки:
За ролатот:
5 јајца
150 гр варен и сечкан спанаќ или блитва
2 лажици павлака
100 милилитри масло
100 гр брашно
малку сол
За полнежот:
300 гр крем сирење
2 лажици павлака
150 гр шунка или врат
сол, бибер и зачини по желба


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Поставете поголем плех за печење со мрсна хартија за печење. Направете пире од спанаќот или блитвата и додадете ги сите други состојки. Измешајте да се соедини.
Истурете ја смесата во голема тава за печење, израмнете и ставете ја во рерна околу 10 минути. Печениот ролат завиткајте го заедно со мрсната хартија во влажна крпа и оставете го да се излади.
Наполнете го оладениот ролат со полнежот што сте го подготвиле со ситно сечкана шунка и остатокот од состојките.
Премачкајте го ролатот и превртете го. Чувајте го во фрижидер. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.