Солза Грчева: Апасиев не е никаков левичар, тој е продолжена рака на ВМРО
Во последната емисија „Во Центар“, на Васко Ефтов, вечерва гостуваа лидерот на партијата Интегра, Љупчо Ристовски и Претседателката на паертијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева.
Прв гостин во емисијата беше Љупчо Ристовски, кој во оваа кампања беше прилично самоуверен дека Интегра ќе се вмеша дури и за освојување на власта. Водителот на емисијата уште на почетокот од емисијата, успеа силно да го испровоцира гостинот:
-Господине Ристовски, дали сте вие свесни дека вашиот рејтинг е на ниво на статистичка грешка. Вие имате рејтинг од некои си 0.2 проценти. Вие единствено можете да освоите можеби пратеник да освоите пратеник во четвртата изборна единица.
Но, сите анкети кажуваат дека вие сте статистичка грешка. Еве на пример последната анкета на Брима Галуп го покажа тоа, рече Васко Ефтов.
На ова Љупчо Ристовски жестоко реагираше, со покачен тон и со тропања по маса. Ристовски потенцираше дека агенциите како и некои медиуми лажат, односно, рејтинг агенциите не ја ни ставаат Интегра на анкетното ливче. Дали вие сте ја виделе некаде Интегра?
-Да, рече Ефтов, јас сум видел резултат од анкета, каде што вие сте на ниво на статистичка грешка, одговори Ефтов. На ова Ристовски повторно се возбуди, но на крајот и двајцата се согласија дека треба да се сочека изборниот ден и да се видат изборните резултати.
Втор гостин беше Солза Грчева. Васко Ефтов и неа уште од почеток на емисијата ја „чепна“, дека нејзината партија е наменски направена и дека потписите за регистрирање на партијата и ги собрале во време кога технички Премиер беше Емил Димитриев.
Ова Солза Грчева жестоко го демантираше и потенцираше дека не нејзината, туку потписи биле собрани на една друга партија, која според неа е блиска до ВМРО-ДПМНЕ.
Ефтов инсистираше да каже која е таа партија, Солза му одговори дека тие се оние кои требале, односно сакале да се викаат Лабуристичка партија. Водителот Ефтов заклучи дека е тоа партијата Левица. -Васко, јас бев таа која се качуваше по гајби за референдумот, јас бев таа која се бореше против промена на името, јас, мојата партија и други поединци и партии, но не и Левица на Апасиев, рече Грчева.
-Уште од Претседателките избори се виде дека Левица ја поддржува Гордана Силјановска. Ви велам, Апасиев е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е понтонски мост за оние гласачи кои се можеби разочарани од ВМРО-ДПМНЕ, заклучи солза Грчева, но и водителот Васко Ефтов.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.