Сонце и топло време, од утре невреме со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степен. УВ индексот ќе изнесува 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Утре во попладневните часови, како и во вторник на места ќе биде на нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Потоа повторно времето ќе биде стабилно и топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.