четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево време со мала облачност, температурите до 18 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 11 до 18 степени.
Во Скопје, претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.
До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во четврток од северозападен, а потоа од јужен правец

Поврзани вести