Сончево време со северен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлините претпладне со појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до 13 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до шест степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе услови делумно намалување на маглата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.