Сончево време со умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, додека во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе биде седум.


Во Скопје слично време со температура од 11 до 27 степени.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.