Сончево време, температура до 22 степена

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 л/м2). На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен ветер (над 60 км/ч) и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.
Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.