Сончево и многу топло време, УВ индексот 9 – во петок нова промена

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
Максималните температура во интервал од 30 до 37 степени, а УВ индексoт ќе биде 9.
Во Скопје и околината сончево и топло со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 35 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.