Сончево и потопло со температура до 21 степен, утре невреме со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.


Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Пронајдете не на следниве мрежи: