Сончево и потопло, температурата до 25 степени

Времето денеска во целата земја ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Дневните темепратури ќе се движат во интеревалот од 14 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време со темература до 24 степени. Во Маврово дневната тмпература ќе достигне до 14 степени, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 23, Берово 17, Крива Паланка 19, Дојран 25 степени.


Утре времето ќе биде малку до умерено облачно, во средината на денот и попладне со локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 степени, Маврово 12, Охрид 14, Битола 17, Кавадарци 20, Берово 13, Крива Паланка 17, Дојран 23.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.