Сончево и студено време, од понеделник повторно дожд и снег

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.