Сончево и топло, во четврток локален краткотраен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 25 до 37 степени. УВ-индексот ќе достигне до 8.


Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде до 17, а дневната температура до 34 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.