Сончево и топло време, но со засилен северен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.