Сончево и топло време, од утре најавени врнежи

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Преку ноќта кон вторник, претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура од 25 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 31 степени.
Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а дневните температури значително ќе опаднат. Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и заилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.