Сончево и топло време, попладне дожд на планините

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.