четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево и топло време, попладне дожд со грмежи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Во сабота се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани вести