четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево и топло време со температури до 25 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.


Во текот на утрешниот ден ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат в недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.
Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.

Поврзани вести