четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево и топло време, температури до 30 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има умерена облачност и локално услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од девет до 29 степени.

Периодот на топло време продолжува и во наредните денови. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Поврзани вести