Сончево и топло денеска, голем пад на температурите од понеделник

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.


Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во сабота во попладневните часови времето ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Позначителна промена на времето се очекува во недела попладне и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.