Сончево и топло до 33 степени, попладне можен пороен дожд

Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 29 степени.
До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите ќе бидат во позначителен пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.