Сончево и топло до 37 степени, од среда дожд

Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: