Сончево и топло со температури до 29 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени. Маврово 16, Охрид 21, Битола 26, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 28, Дојран 29.
Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.