Сончево со мала локална облачност, за Божиќ дожд

Сончево време со мала локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне, според УХМР, по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во четврток во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.