Сончево со мала облачност, попладне дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, а максималната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.