четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 23 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8.


Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Во петок ќе почне да дува умерен до засилен северозападен ветер и кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи. За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен локален дожд.

Поврзани вести