четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево со температура до 37 степени

SONY DSC
Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец.
Според УХМР, максималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време. Утринската ќе изнесува 17, а максималната дневна 34 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе за задржи слично време и висок индекс на УВ зрачење.

Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени, а максималната од 30 до 37 степени. Во среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, а максималната од 31 до 38 степени. Двата дена индексот на УВ ќе изнесува 9.
Во четврток времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец и мал пад на температурата. Попладне во источните делови ќе има услови за појава на локална нестабилност. Минималната темепратура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени, а максималната од 29 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.

Поврзани вести