Сончево со умерена облачност, попладне краткотраен дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи 16 и 19, а максималната ќе достигне 26 степени.
Од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на идната седмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.