Сончево со умерена облачност, следува период на променливо време

Сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 4 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 20 степени

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец, максимална дневна температура 16 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер и ќе има локални врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.