Сончев ден, попладне повторно дожд – Еве какво време не’ очекува за викендот

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. УВ=8
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната дневна низ земјава од 17 до 29 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 27 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.