Сончено со минусни дневни температури, постепено затоплување од четврток

Сончено со минусни дневни температури, постепено затоплување од четврток
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе бидат главно под нулата: Скопје и Дојран 0 Целзиусови степени, Маврово -10, Охрид -2, Битола и Крива Паланка -4, Берово -5, Кавадарци -2.
Под влијание многу студен воздушен бран до среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.