Денеска (22.04.2025) во 11.20 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралнио пат Македонска Каменица – Делчево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено клио“ со делчевски регистарски ознаки и „фолксваген туран“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица.
Во незгодата со повреди се здобиле три лица (еден од возилото „рено“, а двајца од возилото „фолксвгаен“), кои биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.
Фото: ДЕЛЧЕВО365