Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека вчера (05.03.2026) во 12:19 часот, пријавено е дека на патот Демир Хисар – Кичево, на местото викано „Крбла“, во близина на село Сопотница, Демир Хисар, патничко возило „Фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б. (52) од село Жван, Демир Хисар, излетало од патот.
„Во незгодата, возачот Љ.Б. починал на местото на настанот, додека лекар од Итната медицинска помош ја констатирал неговата смрт. Додека неговиот сопатник Д.Г. (59) од село Жван се здобил со тешки телесни повреди, кои се констатирани во Клиничката болница Битола.“
„По налог на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од Полициското одделение Демир Хисар“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
The post Сообраќајна несреќа на патот Демир Хисар – Кичево, едно лице загина appeared first on Во Центар.



