четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Виница: Едно лице загина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне во 17:35 часот, Одделот за внатрешни работи во Кочан добил пријава дека на автопатот Кочани-Виница, на местото викано „Сланечки дол“, патничко возило „Пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.К. (48) од Виница, излетало од патот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, возачот починал на местото на настанот од повредите, додека лекар од Итната медицинска помош ја констатирал неговата смрт.

„По упатства на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Кочани извршила увид“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани вести