Сообраќајот на патот Македонска Каменица-Кочани попречен од карпа

Огромна карпа која се наоѓа на десниот дел од коловозот од делот на Истибања го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани.
– Поради големиот пречник се движевме по слободната коловозна лента, но поради безбедност им препорачуваме на сите кои сега тргнуваат за Скопје да го користат алтернативниот патен правец Делчево-Бигла, велат возачи.
Како што информираат од таму екипи на ЈП “Македонија пат“ се наоѓаат на местото на одронот, и ќе се преземат активности за отстранување на одронот и нормално одвивање на сообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.