Сообраќајот – по влажни коловози и остатоци од снег

Снегот што пажаше синоќа и ноќеска предизвика проблеми во сообраќајот, особено на планиниските превои, каде беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила. Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Дел од забраните за сообраќај на тешки товарни возила кои без воведени ноќеска се укинати, дел остануваат на сила, информираат од “Македонија пат“.
Утрово од 06:40 часот е укината забраната на патниот правец Велес-Катланово, од 07:15 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир , а од 07:10 часот е укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила и на планинските превои Ѓавато и Буково.
Забрани за тешки товарни возила има на патот Маврово – Дебар, Дебар – Струга, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, Македонски Брод – Прилеп преку планискиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планинскиот премин Плетвар и Тетово-Попова Шапка, каде има забрана и за автобуси.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП “Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.