Претседателот на Меѓународната трговска комора, Џон Дентон, истакна дека светот веќе влегува во енергетска криза посериозна од нафтените шокови од 1970-тите години, проследена со нарушувања во индустриското производство поради недостиг на гас и клучни суровини, како последица на американско-израелскиот конфликт со Иран.
Војната на САД и Израел против Иран може да предизвика „најтешка индустриска криза во современото паметење“, предупредува Дентон, претседател на Меѓународната трговска комора. Тој нагласи дека светот се соочува со енергетска криза посериозна од нафтените шокови од 1970-тите, пренесува Ал Џезира.
„Од деловна перспектива, веруваме дека ова може да се претвори во најтешка индустриска криза во современото паметење – не само поради наглиот раст на цените на енергијата, туку и затоа што индустриското производство се нарушува поради недостиг на гас и други клучни ресурси.“
Дентон зборуваше во пресрет на состанокот на министрите на Светската трговска организација во Јаунде.



