СОПРУГОТ НА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР УБИЛ МАЈКА И ЌЕРКА

Ќе мора да го носи тоа на совест до крајот на животот!
Актерот Метју Бродерик е 24 години во брак со ѕвездата на „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер. Иако живее повлечен живот далеку од очите на јавноста, актерот е виновен за трагедија што се случила во 1987 година.
Метју Бродерик не се прослави со неговите познати улоги, но сите дознаа за него кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век.
Во 1987 година, за време на одмор во Ирска, популарниот актер по грешка преминал на спротивната лента на патот и предизвикал тежок судар во кој загинале Ана Галагер и нејзината мајка Марагерт Доерти. Ќерката имала 28, а мајката 63 години.


Метју поради несреќата имал скршено ребро и потрес на мозокот. По несреќата тој во разговор со полицијата изјавил дека воопшто не се сеќава на сообраќајката.
– Единствено се сеќавам дека се разбудив во болница и дека имав чудно чувство во ногата – рекол актерот во полиција.
Меѓу другото, Бродерик тврдел дека страда од делумна амнезија, за подоцна да ја признае вината. Иако тој е главниот виновник за несреќата, наместо пет години затвор, поради невнимателно возење е осуден на 175 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.