Сосовите се течни или полутечни јадења што се послужуваат само како додаток. Се подготвуваат за да го надополнат мирисот и вкусот на храната, да го збогатат јадењето со хранливите материи, минерали, витамини, или едноставно да му дадат сочност на сувото јадење.
Еве ги најпознатите сосови кои се прифатени и во нашата кујна и кои го оплеменуваат секој оброк.
Сос од лук
Не се знае точно на чија кујна припаѓа овој сос. Некаде пишува дека е тоа француски специјалитет, некаде дека е шпански или италијански. Чиј и да е, се користи на целиот Медитеран, па може слободно да се каже дека е медитерански специјалитет. Според основната варијанта, овој сос се состоел само од маслиново масло, лук и сол. Меѓутоа, денес се среќаваат голем број варијанти на овој сос, но секаде основата е токму лукот, маслото, сок од лимон и солта. Во голем број рецепти додаваат и жолчка или белка, а може да се додаде сенф.
Болоњезе сос
Болоњезе сосот потекнува од Болоња, град во северна Италија, за кого се тврди дека е главениот кулинарски град. Според препораките на Accademia Italiana dela Cucina за приготвување на болоњезе сосот се користат мелено говедско и свинско месо, сланина, кромид, морков, целер, доматно пире, говедска супа, црвено винои, млеко или павлака и она што е многу битно, неговото приготвување трае долго време, 3 до 4 часа. Најдобро одговара со тестенини.
Песто сос
Песто е еден вид крем или сос направен од зачинска билка (пример: босилек, копар, нане), јаткаст плод, маслиново масло и сол. Убаво приготвеното песто долго време може да се чува во фрижидер без да се расипе…
Сос за пица
Овој надалеку познат италијански сос се прави од доматно пире во кое се става и малку лук, црн бибер, оригано, магдонос и босилек.
Бешамел сос
Овој сос можете да го користите како додаток на какво било печено месо, а оди добро и со риба и со печени макарони. Се подготвува со млеко, брашно, путер, ловоров лист, мускатно оревче и малку бело вино.
Сос од печурки
Сосот од печурки прелијте го преку варени тестенини, ориз, компир, њоки и посипете го со изрендано сирење и потпечете. Одлично ќе одговара со ролати од месо, солени штрудли, сите видови на печено или варено месо како и дополнување на варива или гулаш од печурки.
Сос од сенф и мед
Овој сос е најдобар за печено пилешко месо. Се прави од сенф, малку мед и црн бибер.