Состојка која треба да ја додадете во лимонадата и со која ќе го заштитите вашето срце во текот на жештините

Д-р Ивана Стефановиќ, специјалист по ургентна медицина од Србија, дала корисни совети во врска со здравствените проблеми кои се појавуваат во текот на високите температури.

Таа особено нагласила дека постарите лица, особено оние со кардиоваскуларни проблеми, најтешко ги поднесуваат жештините и дека важно е да останат дома во разладени простории.
Иако некои постари лица можеби не се љубители на разладените простории со клима-уреди, сепак д-р Стефановиќ истакнала дека клима-уредот е помало зло и може да спаси многу животи во текот на жешките денови.

Кога станува збор за пациентите кои боледуваат од астма, д-р Стефановиќ истакнала дека високата влажност на воздухот може да ги влоши симптомите.
За нив таа препорачува избегнување на храна богата со јаглехидрати затоа што нејзиното варење може да го зголеми напорот при дишење.

Советува да се консумираат помалку јаглехидрати и препорачува внесување на повеќе течности, како што се вода, засладени лимонади и чаеви.
За одржување на енергијата на срцето, препорачливо е внесување на брзи шеќери, како мед или овошје како што е лубеница која содржи вода и шеќер којшто ќе им годат на организмот.

Кога станува збор за младите, д-р Стефановиќ нагласува дека високите температури можат да предизвикаат колапс, особено кај жените со низок притисок. Препорачува секогаш при рака да имаат течност, како засладени лимонади или вода, но и солена храна за да ги надополнат електролитите кои се губат при потење.
„Јас сакам да кажам дека здравата лимонада, засладена со мед, треба да ја сакате многу. Водата, чаевите исто така се одличен избор. Зошто тврдам дека треба да бидат засладени? Зошто на вашето срце му треба брза енергија. Колку и да се грижите за тежината, земете некои здрави шеќери затоа што сега ви се потребни или некое овошје како што е лубеницата која е полна со вода и природни шеќери кои ќе ви годат. Исто така секогаш при рака имајте нешто солено, особено доколку имате низок притисок. Препорачливо е тоа да бидат некои грицки како кикиритки, лешници, бадеми, што и да сакате“, изјавила д-р Стефановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.