Овој колач се подготвува многу едноставно, а ќе ве освои и нема да може да го заборавите неговиот уникатен вкус.
Состојки:
– 180 грама путер;
– 200 грама шеќер;
– 50 милилитри рум;
– 5 јајца;
– 250 грама брашно;
– 1 прашок за печиво;
– 80 грама пченкарно брашно;
– 4 лажици сок од портокал;
– кора од портокал.
Подготовка:
Калапот за печење со должина од 25 центиметри премачкајте го со путерот, а потоа обложете го правилно со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
Во сад со миксер измешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат, потоа додавајте едно по едно од јајцата.
Додадете го сокот и кората од портокал, румот, па уште малку мешајте со миксерот.
Ставете го обичното и пченкарното брашно, прашокот за печиво, па измешајте со дрвена лажица.Ставете ја смесата во калап, убаво распоредете ја и печете околу еден час.
Откако колачот ќе се испече, извадете го од рерната, па оставете да се излади околу 15-на минути, а потоа може да го послужите.
Пријатно јадење!